ВМРО-ДПМНЕ: Денешната расправа е само обид на Шилегов да го скрие фактот дека со багер сакаше да гази граѓани

by fokus

Денешната расправа е само блед обид на Шилегов да се затскрие фактот дека со багер сакаше да ги замолчи граѓаните кои изразиле поинакво мислење од тоа на власта, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните не се плашат од нападите и насилието на власта, а Шилегов не може да го сокрие фактот дека со багер тргна да гази граѓани кои изразуваат став. Шилегов и СДСМ се нервозни затоа што граѓаните не ги поддржуваат нивните капитулантски политики, па во паника удираат по граѓаните кои јасно им застануваат на патот. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од ден во ден, единствен  негов проект е пуштањето автобуска постројка со музика и најавата дека комуналните претпријатија ќе го чистата сметот по улиците, кои никако да почнат да го чистат. Шилегов нема капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости