Институциите се претвораат во алатка за пресметка со сите кои не мислат исто како власта, велат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Демократијата и владеењето на правото мора да се вратат. Институциите мора да функционираат за потребите на граѓаните, а не за потребите на елитата на власт. Република Македонија мора да биде правна држава, во која ќе се почитуваат основните човекови права.
-Неосновано притворените за настаните од 27 април се лишени од основните права во постапката. Презумпцијата на невиност како основен принцип на кривичната постапка е прекршена. Тоа го потврди и Народниот правобранител. Полицијата ги пречекори овластувањата, судовите одлучуваат по конструирани обвиненија, а кршењето на законите продолжува и во притворските установи. Оваа злоупотреба на институциите не смее да продолжи. Правото мора да важи подеднакво за сите. Граѓаните на Република Македонија тоа го заслужуваат. Политичкиот прогон мора да престане, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.