Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле вели дека ќе направи се за да покаже дека нема нерешливи прашања.
-Во однос на моите соработници со кои заедно сме се впуштиле во овој наш голем потфат – да ги исполниме очекувањата на граѓаните и заедно да создадеме држава и општество достојни за сите граѓани, не ми останува друго освен да опстојам на уверувањето дека сите се подготвени за тој пат. Дека уште во стартот им е јасно што не очекува, и дека им е јасно дека треба да исполниме стандарди и критериуми кои ние ги баравме од нашиот опонент, заедно со граѓаните на нашата земја. На овој пат инсистирав да ми се придружат оние со желба, одлучност и талент, оние кои се убедени и кои ме убедија дека можат да остварат најдобри можни резултати за граѓаните, за јавниот интерес, за општеството. Јас нема да дозволам отстапки од зацртаното и ќе барам исполнување на заеднички договорените обврски. Верувам дека сите мои соработници во владата и сопатници на овој пат, ќе дадат се од себе, својот најголем потенцијал, вели Заев.