393
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ демантираат дека денеска во Собранието имало средба меѓу лидерите на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на опозиционерите Мицкоски со претседателот на Собранието Талат Џафери.
– ВМРО-ДПМНЕ ги демантира информациите кои излегоа во медиумите дека се одржува средба помеѓу претседателот на партијата г. Христијан Мицкоски, Зоран Заев и Талат Џафери во Собрание на Република Македонија, соопштија од Центарот за комуникации на партијата.