Анкетите покажуваат дека над 70 проценти од македонските граѓани се против брзи избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва во интервју на ТВ Стар порача дека Христијан Мицкоски бега од избори зашто се плаши од пораз.
„Зоран Заев на 21 јуни Заев наместо гласови сака Македонија да ги брои жртвите и заболените од опасниот коронавирус. Во изминатите 5 дена во Македонија има 118 нови заразени од коронавирусот, а 5 лица починаа. Да се грижеше барем малку за здравјето на граѓаните немаше да притиска изборите да се одржат час поскоро во време кога нема услови за фер и демократски изборен процес и кога здравјето на граѓаните е ставено под знак прашалник“, стои во реакцијата на ДПМНЕ.
Од таму прашуваат зошто Заев не одговара дали ќе се повлече од функцијата претседател на СДСМ ако ги загуби изборите?