Четврти ден молк од страна на власта за скандалозниот тендер во четири очи помеѓу ЈП Дрисла и фирмата „Алпима тим“ ДООЕЛ Струмица. Јавно прашавме дали првиот братучед на сопругата на Рашковски, доделил тендер во 4 очи од над 12 милиони денари на близок роднина на Драги Рашковски и се уште не добивме одговор од власта, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Уште еднаш прашуваме, дали Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев кој е сопственик на фирмата која го доби тендерот се во блиска роднинска врска, односно втори братучеди? Дали Драги Рашковски е главната алка во добивањето на овој тендер каде што еден негов роднина го доделува на друг роднина? Бараме од Комисијата за спречување корупција да отвори случај и да ја утврди поврзаноста помеѓу Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев и поврзаноста помеѓу Драги Рашковски и Коста Начевски и каква улога имал истиот Драги Рашковски во доделувањето на овој тендер помеѓу неговите роднини? – прашува Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.