ВМРО-ДПМНЕ: Дали продажбата на фирмата на Анѓушев ќе се користи за евентуална награда за решавање на спорот со Грција?

by fokus

Мошне симптоматично е што истовремено додека засилено се одвиваат преговори помеѓу Грција и Република Македонија, во услови кога Заев е убеден дека ќе го реши името, а Анѓушев лицитира со имиња на државата, неговата фирма е предмет на интерес токму на грчкото електростопанство. Кочо Анѓушев мора да ги отстрани сите сомнежи дека продажбата на неговата фирма ЕДС би се користела за евентуална награда за решавање на спорот за името по волја на Грција, изјави денеска на прес конференција, Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тој треба да каже на јавноста која е реалната вредност на неговата фирма? Постои сериозна загриженост во јавноста дека разликата од реалната и продажната вредност би можела да биде надомест за промената на името на Македонија? – праша Делев.

Во минатото, потенцираше тој, имавме сведочење на покојниот Претседател Киро Глигоров во кое тој сведочеше дека и тогаш високи фунционери на СДСМ му нуделе високи финансиски подароци од грчка страна само за да се согласи на промена на името по грчки терк.

-Македонското име и идентитет немаат цена! Јавноста се повеќе ја интересираат овие прашања и очекуваат одговор од Анѓушев. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека нема да се согласи на промена на Уставот со цел промена на уставното име, ниту на решенија кои задираат во македонскиот идентитет и го негираат постоењето на македонскиот јазик и народ – додаде тој.

Кочо Анѓушев, додаде, е еден од побогатите бизнисмени и трговци во Република Македонија, но во моментов и втор човек во македонската влада поради што, рече, неговите изјави и потези не смее да се сфатат наивно и несериозно.

 

Поврзани новости