Компанијата ЕДС ги повикува сите политички субјекти да се воздржат од какви било политички изјави за ЕДС како економски субјект и посочува дека како компанија ниту сака, ниту има намера да биде предмет на политички препукувања.
– Секоја приватна фирма во процес на продажба има право да преговара со заинтересирани купувачи. Грчката ППЦ со ЕДС најде интерес за ширење на своето портфолио, а ЕДС зад себе ќе има голема интегрирана енергетска компанија со сопствено производство на електрична енергија, со што ќе се зголеми конкурентноста на пазарот и ќе се обезбедат уште подобри услови за своите клиенти, реагираат од компанијата на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетуваат дека целиот процес на продажба започна поради вклучувањето на сопственикот на ЕДС, Кочо Анѓушев во извршната власт. Одлуката за продажба донесена пред неколку месеци е со цел да се избегне секаков судир на интерес на компанијата со вршењето на функцијата вицепремиер.
– ВМРО-ДПМНЕ со неодговорното искажување невистини нанесува штета на угледот и честа на ЕДС и затоа го повикуваме истите или да ги поткрепи со докази и факти или да понуди јавно извинување кон ЕДС. ЕДС ќе направи сè да го зачува брендот и угледот што го изгради како регионално силна компанија, посебно кога станува збор за изјави на економски неискусни и економски неписмени политичари – се наведува во реакцијата