ВМРО-ДПМНЕ: Дали дедото на Филипче бил во Занзибар со заболените од Ковид- 19 и дали е во карантин?

by fokus 15:33
15:33

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го прашуваат министерот за здравство Ванко Филипче дали и неговиот дедо бил во Занзибар со заразените од Ковид-19.

-Венко Филипче да одговори дали неговиот дедо д-р Јорданчо Савески бил во Занзибар со заболените од африканскиот сој на КОВИД 19 и дали после тоа отишол во карантин?!
Филипче да каже дали неговото семејство е ширач на КОВИД 19, исто како што беше Цаца Билјановска?
Додека народот се мачи со КОВИД, илјадници умреа, фамилијата на Филипче шета по луксузни дестинации.
Филипче до каде си со вакцините? Народ чека да се вакцинира, а ти една вакцина сам не набави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Сепак, во Македонија се уште не е детектиран африканскиот сој на Ковид-19, како што посочуваат од партијата, туку во лабараторијата на МАНУ беше откриен британскиот сој на вирусот кај двајца граѓани кои патувале во Занзибар.

Поврзани новости