361
Црната кампања на СДСМ го достигна дното во пресрет на вториот круг од локалните избори. Членот на СДСМ Сафет Али, кој е еден од најблиските соработници на кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски, е сликан со погребен венец за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и штипски градоначалник Илчо Захариев, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е врвот на една морбидна кампања на СДС и е доказ за аздисаноста и самоволието. Јавноста беше сведок на напад на полицаец од Свети Николе, кој беше крвнички тепан и му се заканувале со ликвидација на него и на неговото семејство. Исто како нападот врз претседателот на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, од луѓе блиски до врхушката на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.