391
На првите четири места на гласачкото ливче на изборите на 11 декември ќе се најдат четирите најголеми политчки партии и потписнички на Договорот од Пржино по редослед: ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ДУИ и СДСМ.
Овој редослед денеска беше извлечен на жребувањето за редоследот на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември што го спроведе Државната изборна комисија.
На петто место следува коалицијата „За промени и правда“ (Демократски сојуз, ФРОДЕМ, МОРО – РП и ДЕМОС), на шесто е ПДП, седмото место е за „Алијансата за Албанците“, на осмо место е ЛП, на деветто коалицијата „ВМРО за Македонија“ (ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство), на десеттото место е Движењето БЕСА и на единаесеттото место е партијата „Левица“.