-Денес своите лепени, прелепувани и креирани материјали ги објавуваа во Битола, градот кој најмногу патеше во времињата на СДСМ. Токму во Битола СДСМ ги демонстрираше своите погубни политики кога во аферата со штедилницата ТАТ беа украдени 60 милиони евра пари на околу 13 000 граѓани, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната „бомба“ на СДСМ.
Од владејачката партија велат дека СДСМ и денеска продолжила со „сценарио за дестабилизација со кое им наштетува на интересите на Македонија и на граѓаните“. Додаваат дека СДСМ после толку години повторно од Битола се обидувала да и наштети на Македонија, а овојпат како измеќар на странски центри кои не и мислеле добро на државата.
-Ај што користи нелегелно стекнати и креирани материјали и истите ги прилепуваат и монтираат, туку потоа ги става во манипулативен контекст кој нема врска со реалноста и се користат за манипулација на јавноста. Лажат и око не им трепнува, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.