Ковачески: Милошоски барал лустрација на кичевски судија

by Фокус

Процесот на лустрација не е процес за расчистување со минатото, туку за политичка сатанизација на неистомисленици и санкционирање на сите што и пречат на власта на неправеден и незаконски начин, рече Васко Ковачески, претседател на општинскиот комитет на СДСМ во Битола, при најавувањето на последниот сет на разговори од 19-тата „бомба“.

Дел од разговорите што тој ги објави откриваат дека пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, му најавува дека шефот на лустарторите Томе Аџиев дека извесен Живко Туфекџиев ќе покрене иницијатива за лустрација на кичевскиот судија Драги Димевски, кој, според него, и правел многу проблеми на власта.

Во другиот дел од разговорите, пак, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, му посочува на премиерот Никола Груевски дека заклучок што требало да го усвојат лустраторите бил усогласен со шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протогер.

Поврзани новости