ВМРО-ДПМНЕ е против барањето на опозицијата да се формира специјално судско одделение за предметите што ги отвора Специјалното јавно обвинителство.
-Секогаш кога СДСМ чувствува дека нема бегање од избори и дека ќе мора да се соочи со мислењето на граѓаните за нивната деструктивна политика, прибегнуваат кон истата стратегија која подразбира нови нелогични условувања и нови измислени барања кои покажуваат целосно непочитување и непознавање на Уставот и на судската власт во земјава. Тоа е главната цел и на апсурдното барање на СДСМ за воведување на специјализиран суд, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија велат дека Зоран Заев на овој начин сакал да избега од одговорноста и порачаа дека колку и да ги напаѓал судовите, правдата ќе го стигнела секој што направил криминал.