Заев до Хајндл: Поставени се конкретни чекори за излез од кризата, фали политичка волја

by fokus

Опозицискиот лидер Зоран Заев на денешната средба со германскиот специјален пратеник Хојанес Хајндл, порача дека нема време за чекање и оти мора да се дејствува брзо за исполнување на условите за фер и демократски избори.

Заев рече дека на преговарачката маса поставени се конкретни чекори за исполнување на условите и дека е можно решение наскоро, доколку за тоа има политичка волја.

-И за избирачкиот список и за медиумите можен е договор во следните денови, ако за тоа постои политичка волја, бидејќи на маса се конкретни технички чекори што треба да се направат, а кои може да не зависат од политичките партии –  рече Заев.

На средбата било констатитирано и дека Македонија почна да ги чувствува првите консеквенци од пролонгирањето на политичката криза  и дека сите страни мора да покажат волја за регуларни предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости