908
По завршувањето на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Дафина Стојаноска изјави дека нема услови за одржување на локалните избори во Штип и Пласница и воедно побара нивно одложување, се до, како што рече, обезбедување на пристојни и нормални услови.
-Денес имаме 1.192 заразени, што се 1.192 причини за одложување на изборите. Власта не може да бара задолжително носење маски, а да очекува партиите да водат нормална кампања. ВМРО-ДПМНЕ никогаш порано и никогаш во иднина нема да води некрофилска политика. Избори да, но не и по цена на животите на луѓето – рече Стојаноска.
СДСМ вчера објави дека кардиологот и актуелен партеник Сашко Николов е кандидат на партијата за претсојните предвремени избори за градоначалник на Штип.