565
Пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова денеска на прес-конференција обвини дека жени – раководители на неколку институции во земјата се избркани од работа или пред бркање.
– Бараме под итно да престане овој прогон на вработените во администрацијата кој го врши СДС. Истовремено бараме сите вработени кои биле неосновано и незаконски избркани од работа да бидат заштитени од страна на Агенцијата за државни службеници, од трудовиот инспекторат, од Комисијата против дискриминација, од судовите. Не смее да молчи и да замижува ниту Народниот правобранител. Негова обврска е да ги брани интересите на граѓаните пред режимот на Заев, рече Рангелова.