ВМРО-ДПМНЕ: Автопатот кон Блаце е испроектиран за да СДСМ и ДУИ профитираат од експропријацијата

by Fokus

Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран од страна на СДС и ДУИ да ја чини државата 300 милиони евра. Трасата поминува по имоти кои подоцна биле купувани од лица блиски до тогашната власт.

Врхушката на СДС и ДУИ, сакала да профитира од експропријацијата.

Народот очекува одговор за тоа дали власта сакала да си инкасира милиони преку блиски лица. Информирано е јавното обвинителство и се чека да се покрене постапка.

Трасата треба да се препроектира и да се добие автопат по помала цена. Државата ќе нема загуба, туку блиски лица на поранешната власт на СДС и ДУИ.

Македонија нема 300 милиони евра за фрлање за автопат од 10 километри. СДС и ДУИ, не работеле за да направат автопат, туку да инкасираат милиони. Неодговорното и неспособно работење и однесување завршува со нив“ обвинуваат од владејачката партија.

Поврзани новости