ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска кришум и молкум го потпишала договорот за пречистителната станица

by fokus

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска кришум и молкум го потпишала договорот со фирмата изведувач и фирмата која ќе го врши надзорот кои треба да го спроведат проектот за изградбата на пречистителната станица во Скопје, реагираат утринава од ВМРО-ДПМНЕ.

-Таа се крие и не ја известува јавноста за овој проект, затоа што за истото тоа кое што сега го потпишала лажеше, манипулираше и го клеветеше јавно поранешниот директор на ЈП Водовод, Златко Перински. Во тие гнасни лаги и помагаа и СДС, за сега сите невистини да им паднат во вода. Арсовска и СДС, партнерите во лаги и криминал, треба да се извинат за хајката и кампањата која ја водеа против ВМРО-ДПМНЕ и Перински. Тоа што сега молчат и бегаат од одговори покажува дека се кукавици и лицемери.
Арсовска неосновано го скандализираше проектот, обвинуваше, па без логично објаснување го одложуваше, за на крај да се потврди тоа кое што европските партнери и го кажаа пред една година, дека целата постапка била водена чисто. Приказната за медот и рацете сега се однесува за Данела Арсовска. Ако рацете и гласот и треперат, па затоа се крие, треба да знае дека од одговорноста и од граѓаните може да се крие одредено време, ама не може да побегне, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости