ВМРО-ДПМНЕ: Апсолутно не е вистина дека Мицкоски и Силјановска се во блиска роднинска врска

by fokus

Откако вечерва на социјалните мрежи почнаа да се шират шпекулации дека професорката Гордана Силјановска Давкова е во роднинска врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, односно негова тетка, „Фокус“ го контактираше портпаролот на партијата, Димче Арсовски кој демантираше дека Мицкоски и Силјановска се во блиска роднинска врска.

-Апсолутно не е вистина дека претседателот Мицкоски и професорката Силјановска се во блиска роднинска врска и тоа го демантираме и децидно бараме да прекинат и да не се шират овие шпекулации креирани од кујните на оние што и мислат лошо на ВМРО-ДПМНЕ со цел да остават дамка на демократскиот процес. Дополнително задоволни сме што има 9 кандидати од кои повеќето професори, како и реализирани личности кои ја препознаваат новата енергија и хомогеноста на партијата и имаат доверба дека партијата е на победничките патеки повторно, што потврдува уште еднаш дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, вели Арсовски во изјава за „Фокус“.

Тој додава дека влијание врз делегатите од Конвенцијата за избор на кандидатот за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ке имаат програмските цели, капацитетот и подготвеноста на кандидатот да биде Претседател кој ќе ги сплоти граѓаните на Република Македонија и ќе ја претставува државата во вистинско светло.

К.С.

Поврзани новости