Грчките медиуми се погласно зборуваат дека продажбата на компанијата ЕДС на грчката компанија е криминална, обвини денеска портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
-Оттаму го пренесуваат прашањето кое ја засега и македонската јавност: Како е можно грчката компанија да купи компанија на Вицепремиерот на Владата на СДСМ која работи во загуби и има негативен кредитен рејтинг на само пред 2 месеци пред потпишувањето на преспанскиот договор помеѓу Република Грција и Република Македонија? Сумата која ја добива Кочо Анѓушев од страна на грчката компанија на своите лични сметки, потенцирам, на своите лични сметки, а не на сметки од групацијата од која била дел фирмата ЕДС изнесува 4.8 милиони евра. Вицепремиерот на СДСМ, Кочо Анѓушев на само 2 месеца пред потпишување на договорот со Грција ја продал својата непрофитабилна фирма за близу 5 милиони евра, рече Арсовски.