Алаѓозовски е најнеуспешниот министер за култура од независноста до денес и дека владата на СДСМ создава хаос во култура, рече денеска Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите.
-Првите 100 дена на Алаѓозовски ќе бидат запаметени по масовната и безочна дискриминација на уметниците, со заложбата за укинување на титулата Национален уметник, со која се вреднува трудот на уметниците – нашите врвни амбасадори на македонската култура во светот. Неспособниот Роберт Алаѓозовски и неговите очајно лоши советници од типот на Златко Теодосиевски – осомничен за финансиски малверзации во времето кога извршувал висока позиција во Министерството, Мирослав Грчев кој на јавноста и е познат по своите нихилистички ставови кон сопствениот народ, Донка Браџиева – претседател на непостоечка невладина организација, нереализиран самонаречен експер и тажен лик од областа на заштитата на културното наследство – не се и не можат да бидат репрезенти на Македонското културно живеење денес заедно со Алаѓозовски, тие го сочинуваат црниот мозаик на негрижата за македоснката култура денес, рече Атанасов.
Тој додаде дека Алаѓозовски го претворил министерството во институција која треба да се наполни со партиски кадри, па на местото на Зоран Џорлев на раководната позиција во Танец го поставил Стојанче Павловски со што свесно се креирал хаос и се потценувале сите културни работници.