ВМРО-ДПМНЕ: Ако завршил на Харвард, Ковачевски ќе има алумни-број

by Фокус

Новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски лаже за диплома на Харвард, повторно обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски посетил курс на Харвард од неколку дена, кој може да го посети секој еден кој може да плати десетина илјади евра за таа намена. Доколку Ковачевски беше дипломец на Харвард тој ќе имаше алумни број, кој ќе го покажеше наместо да се крие зад партиски памфлети. Ковачевски не е дипломец на Харвард. Тој лаже уште не седнат на местото на Заев“, соопштија од партијата.

Откако партискиот портпарол Наум Стоилковски вакво обвинување испорача вчера, Ковачевски ја сподели неговата биографија, истакнувајќи дека има стручно усовршување на Харвард, какви што има на три други универзитети во Ротердам, Барселона и Минхен.

Ковачевски ја сподели биографијата откако ВМРО обвини дека нема диплома од Харвард

Поврзани новости