458
СЈО продолжува со политички прогон против медиуми и новинари кои не се под контрола на Заев и кои од негова страна беа прогласувани за најголеми политички непријатели, шпиуни, лажговци и јавно беа навредувани, реагира ВМРО – ДПМНЕ на прес конференцијата на СЈО.
„СЈО се обидува да ги заплаши и цензурира медиумите кои не работат како што сака Зоран Заев. СЈО продолжува директно да го гази основното право на слобода на говор како највисок демократски принцип. СЈО е срам за целиот правосуден систем. Денешниот настап на буквата „Т“ беше целосно во функција на дефокусирање од Тиранската Платформа која уценетиот Заев ја прифати само за да дојде на власт и да се спаси од одговорност за сторениот криминал“, се вели во соопштението.