ВМРО-ДПМЕ бара Заев да одговори за Шилегов и Шеќеринска

by Фокус

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ упати серија прашања до лидерот на СДСМ Зоран Заев, поврзани со имотната состојба на сдмсовскиот портпарол Петре Шилегов и партиската заменик-претседателка Радмила Шеќеринска.

– Дали Заев мисли дека 130 илјади евра за злато се луксуз или не се луксуз? Дали е нормално просечен човек во Македонија да може да купи уметнички слики од 50. 000 евра? Што мисли Заев, од кај му се на Шилегов парите, со оглед на фактот што кажува дека златото го стекнал со купопродажен договор? Дали лажните кирии, со кои пари им легнуваат на сметка на Шилегов и на Шекеринска, се оправдани? Дали во станот на  Шилегов може да функционираат 4 фирми и дали станот на Шекеринска вреди за кирија од 5000 евра? – праша Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости