ВМРО-ДМПНЕ: Директорот на „Јасен“ од искуство има работено во детско одмаралиште

by fokus

Славче Трпески од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека СДСМ и Заев ги урнисале институциите до темел.

– Уште еден од низата скандалозни примери е незаконското разрешување и поставување на директор на Јавното Претпријатије „Јасен”, каде за директор е поставено лице без никакво искуство и компетенции, лице кое предходно има работено во детско одмаралиште. Спротивно на закон и деловник на работа на Управниот одбор, на 04.08.2017 година, Адвокатското друштво на кумот на Рашковски – Костиќ, по овластување на Генералниот Секретаријат на влада, Рашковски испраќа допис, заведен под архивски број 03-1422/1 до Јавното Претпријатије „Јасен”, каде бара да се одржи конститутивна седница на Управниот одбор за 05.08.2017, сабота, иако конститутивната седница на Управниот Одбор е веќе одржана на ден 18.07.2017 година, рече Трпески.

Тој запраша за кој Управен одбор се однесувало барањето за свикување на конститутивна седница, дали за тој кон се конституирал на 18. јули или можеби владата имала назначено друг Управен одбор како што бил случајот со Агенцијата за Катастар каде владата назначила дури три различни Управни одбори.

– За да скандалот биде уште поголем со документот заведен под архивски број 02-1432/1 од 07.08.2017 година, спротивно на деловникот и статутот на ЈП „Јасен“, одржана е „втора“ – конститутивна или не знаеме каква седница на Управниот одбор, каде без записничар, без присуство на актуелниот Директор или други вработени од претпријатието, со тројца присутни членови се дошло до заклучок да му престане мандатот на в.д. директорот Оливер Андонов, а се предлага за нов директор да биде извесен Јетон Селими. Незаконското работење на Управниот Одбор не застанува тука. На 11.08.2017 година, се одржува трета седница на Управниот Одбор, на која бил поканет и присуствувал в.д. Директорот Оливер Андонов, и на која седница донесена е Одлука за разрешување на в.д. директорот Оливер Андонов, заведена под архивски број 02-1481/1, од 11.08.2017 година. А, во ист ден се донесува одлука за именување на нов в.д. директор заведена под архивски број 02-1481/2 од 11.08.2017 година каде се именува Јетон Селими, рече Трпески.

Тој додаде дека и двете одлуки се спротивни на член 8а од Изборен Законик, кој изрично забранува да се разрешуваат и именуваат функционери после распишувањето на локалните избори.

– Потврда дека одлуката за разрешување и именување на директор во ЈП „Јасен“ е донесена и спроведена на 11.08.2017 година е и записникот за примопредавање меѓу двата директори, заведен под архивски број 03-1482/1 од 11.08.2017 година. За да преседанот биде уште поголем и за да ги покријат своите криминални дејанија претседателот на Управен Одбор или некој друг донесува одлука, заведена под архивски број 02-1511/1, внимавајте од 22.08.2017 година, каде се прави исправка на одлуките за разрешување и именување на в.д. директорот, па така со оваа одлука од 22.08.2017 година се менува датумот за разрешувањето и именување па така од 11.08.2017 се преправа да биде 05.08.2017 година, рече Трпески.

Тој додаде дека за сканадлот да бил уште поголем, оваа одлука во која што стои дека е потпишано од лицето Марјан Даскаловски, видено е кога ќе се споредат со преостанатите документи што ги има потпишано ова лице е тоа дека и имаме различен и несоодветен потпис.

– Чиј е овој потпис, се прашуваме? Кој ја донел оваа одлука? Дали некој во ЈП „Јасен“ врши фалсификати? Кој е сега овластен потписник во ЈП „Јасен”? Кој ги потпишува актите на Управниот Одбор, а кој актите за тековно работење на претпријатието? Кој е финансиски потписник во претпријатието? И кој воопшто раководи со оваа значајна институција? ВМРО-ДПМНЕ смета дека е најдобро незаконски именуваните и поставени директори во најкраток можен рок да си поднесат оставка, како што досега тоа го направија двајца. Ароганцијата и насилничкиот и незаконски начин на владеење на СДС граѓаните го препознаа, и конечниот суд ќе им го кажат на 15-ти октомври на локалните избори, каде ќе бидат жестоко казнети, рече Трпески.

 

Поврзани новости