,,ДУИ, Бујар Османи, Артан Груби и Али Ахмети мислат дека набрзина ќе си ја избркаат „мувата од капата“, а всушност се разобличија сами. ДУИ е партија основоположник на српскиот свет во Македонија”, обвинуваат од ВЛЕН.
Тие велат дека влезот на МТЕЛ во Македонија е во јули 2021 година – токму кога ДУИ биле власт, а Бујар Османи е министер за надворешни работи, дополнително и министри за економија и финансии беа токму кадри од ДУИ, предложени од Али Ахмети.
,,Без политичка согласност од Владата во која учествуваше ДУИ и без постапки од министрите на ДУИ, МТЕЛ немаше да добие лиценца и да влезе на пазарот во Македонија. Исто така, Владата во која учествуваше ДУИ, онаа на Бујар и Артан донесе повеќе одлуки за да дозволи влез на капитал од српското и црногорското подземје во бизнисот со казина. Од три лиценци, две ги добија сомнителни бизнис компании од Србија и Црна Гора.
Денес ДУИ и Бујар Османи глумат загрижен за влез на српски капитал, а неговата влада го отвори пазарот и даде зелено светло.
Впрочем тоа што ДУИ е партија на црната листа е само последица на многуте информации за влез на сомнителни српски бизниси и капитал во Македонија, во времето на ДУИ“, велат оттаму.
Тие побараа од ДУИ и Бујар Османи јавно да одговорат, дали, според нивните информации, најавениот влез на „Алта банка“ е резултат на многуте средби што тој и Али Ахмети ги имале со претседателот Вучиќ и со други српски функционери? ,,Дали постојат записници, кореспонденција и договори од тие средби – и ако постојат, зошто не се објавени? Дали памтат дека од сите тие средби, официјалните и неофицијалните, има и постојат фотографии? Јавноста заслужува конзистентна политика и целосна транспарентност, а не дневни пресметки и префрлање вина. Ако ДУИ и Бујар Османи се искрени, нека ги објават сите документи и нека објаснат зошто во 2021 година нивната влада го поддржа влезот на МТЕЛ?“, велат од ВЛЕН.