Венс: Мировниот договор нема да ги задоволи ниту Украина ниту Русија

by irena 19:09
19:09

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека е малку веројатно дека спогодбата меѓу Русија и Украина ќе ja задоволи едната или другата страна и дека која било верзија на мировен договор веројатно ќе ги остави и Москва и Киев „незадоволни“. Тој рече дека САД се стремат кон решение што двете земји можат да го прифатат.

„Тоа нема да направи никого претерано среќен. И Русите и Украинците веројатно ќе завршат незадоволни од тоа“, рече тој во интервју за Фокс њуз.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во петокот дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска на 15 август за да преговара за крај на војната во Украина.

Слични вести