2
47-годишна скопјанка ограбена на автобуска постојка кај Бит Пазар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 10:15 часот во СВР Скопје, А.Ш.(47) од Скопје пријавила дека на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со пари и документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.