1.7K
По заминувањето од Царина Влатко Мијалков веднаш се вработил во Капитал Поинт Скопје, дознава Телевизија 24 од добро упатени извори. Новото работно место го официјализирал од 23 февруари.
Според податоците од Централниот регистар, фирмата капитал Поинт во која Влатко Мијалков е вработен се занимава со трговија и услуги, но оваа фирма е во сопственост на две други фирми, Поинт Корп и Астобан Скопје, кои се занимаваат градежништво, трговија и услуги.
Како што објавивме вчера, Мијалков си дал отказ минатата недела, а од Царина потврдија дека работниот однос му е прекинат на негово барање.