Влатко Ѓорчев во снежна идила, внимавајте со санките!

by fokus 12:51
12:51

Владимир Ѓорчев од ВМРО – ДПМНЕ, носител на листа во изборна единица 6, поставил интересна фотографија на својата официјална Фејсбук страница.

На фотографијата јасно се гледа неговиот рекламен билборд за изборната кампања, поставен среде снежна идила. Од она што може да се забележи е дека Ѓорчев се рекламира во дивина, на некоја полјана каде што најверојатно ќе може да биде виден од љубителите на санкање и скијање.

- Advertisements -

„Победуваме и кога изборите се во јули на +40 степени Целзиусови, и во декември на -10 степени. Поздрав од Маврово, ‘’ напишал тој под фотографијата.

По електронски пат го запрашавме Ѓорчев да ни ги појасни деталите околу билбордот, поставен среде снежната полјана, или можеби е некоја планинска патека, но тој не одговори на нашата порака.

Како и да е, мало предупредување за сите што одат во Маврово, внимавајте со санките и скиите, оти Влатко ,,излегува’’ на полјаната, и директна средба со неговиот билборд на снежната удолница би можело да заврши со тешки физички повреди.

Влатко Ѓорчев се најде во центарот на вниманието, кога пред околу шест месеци Рената Јајоска, член на Извршниот одбор на СДСМ, изјави дека неговата сопруга Сузана месечно добивала хонорар од 1.200 евра кој не бил пријавен во Анкетниот лист. Во тој период, додека Ѓорчев и неговата сопруга беа актуелни со приказната за непријавениот хонорар, тој излезе во јавност со веста дека се многу среќни, бидејќи набргу со Сузана ќе добијат и четврто дете, ќерка.

Вики Клинчарова

Поврзани новости