Откако денешниот најавен протест беше одложен, Влатко Ѓорчев попладнево на прес конференција соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ортанизира протест на трети декември.
Тој додаде дека истите тие кои што во петокот му одредиле уште 30 дена притвор, откако се најавил протестот одеднаш ја промениле одлуката за Темелко да оди во домашен притвор.
-Не е доволно, местото на Едмонд Темелко е меѓу оној народ кој што го гласал во општината во која што добил доверба да ја раководи. Едмонд Темелко е личност која што е борец за човекови права. Едмонд Темелко е македонски активист од почетокот на 21 век. Едмонд Темелко и неговото име во децениите кои што доаѓаат, македонскиот народ ќе ги спомнува како избрано лице и како еден во долгата плејада на македонски активисти за права на Македонците и македонската кауза. Борбата продолжува, не застанува тука. Изразуваме голема благодарност до илјадници и илјадници луѓе кои што беа подготвени да дојдат на денешниот протест за ослободување на Едмонд Темелко. На денешниот протест против тортурата, заробувањето и односот кон Едмонд Темелко, рече Ѓорчев.
Тој додаде дека борбата против неправдата не сопирала тука и дека борбата ќе продолжи и во наредните денови каде граѓаните на Македонија ќе имале можност да ги искажат своето несогласување со неправдите на трети декември на граѓански протест за правда и правдини.
-Идниот викенд дојдете во Скопје да се протестира за правда, да се протестира за праведност, да се протестира за човекови права, да се протестира и да се крене глас дека Македонија нема да биде заробена држава, туку Македонија ќе биде слободна држава. Дека Македонија ќе биде држава во која што се почитуваат човековите права и Македонија постепено секојдневно, секој ден, секоја недела, секој месец постепено ќе го крева гласот за оваа лакрдија која што и се случува, рече Ѓорчев.