998
Пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, смета дека уставната дефиниција на бракот ќе овозможи деца без родители да посвојуваат само брачни партнери од различен пол или самохрани родители.
Како што образложи денеска тој на собраниската комисија за уставните промени, кога ќе се дефинира бракот во Уставот како заедница меѓу еден маж и една жена во иднина нема да може тоa да се смени само со 42 пратеници или со одлука на некаков си суд. Ѓорчев е уверен дека мнозинството граѓани во Македонија гледаат на бракот како заедници исклучиво меѓу маж и жена.