Таинственото здружение ќе ги плати и ќе ги постави спомениците, Градот Скопје ќе ги одржува

by Фокус 14:23
14:23

Новите пет споменици и нивното поставување се на сметка на донаторот, додека, чувањето и нивното одржување ќе биде обврска на Град Скопје, велат за „Фокус“ од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.

Донаторот на спомениците, Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, чиј претседател е 73-годишниот Ташко Јованов, иако вети, сѐ уште не се огласи во јавноста и одбива да одговори – од каде ова здружение има толку средства за да ги плати петте споменици.

- Advertising -

„Фокус“ веќе објави дека ова здружение од 2009 година па наваму, секоја година добивало грантови од Владата за поддршка на еден ист проект.

Според одлуката на градот Скопје, здружението на 73-годишниот Јованов ќе донира споменик на генерал Михајло Апостолски, кој ќе биде поставен кај клучката Континентал. Кај Судска палата ќе биде подигнат споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето,а кај комплекост факултети споменикот на Ѓорѓи Сугарев. Спомениците на Никола Петров Русински и Пере Тошев ќе бидат поставени во близина на Универзитетската библиотека. Сите, како по правило, ќе бидат качени на коњ освен споменикот на Андон Лазов – Јанев.

„Фокус“ минатата недела исто така објави дека постамените на четири од петте споменици ги изработува компанијата „Бауер БГ“, меѓутоа од оваа фирма не одговараат кој ги ангажирал. Еден од спомениците веќе поодамна има постамент.

Поврзани новости