Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, денеска по брза постапка и без дебата, донесоа измени и во Законот за заштита на приватноста, со кој се забранува поседување, обработка, јавно објавување и располагање на кој било начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година.
Законот предвидува и затворски казни за „Тој што ќе објави прислушувани или тонски снимани разговори или делови од нив или нивни транскрипти, со кои се врши повреда на приватноста на личниот и семејниот живот“ (од еден месец до една година), како и за „Тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушувана или тонски снимана“ (затвор до една година) – доколку содржината на разговорот ја нарушува приватноста на личниот и семејниот живот (оваа одредба не се однесува на разговор или изјава која претставува јавен интерес).
Освен тоа, на денешната седница пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, во отсуство на опозицијата изгласаа можност за селективно повлекување на аболициите. Со измените, претседателот ќе може да ја поништи аболицијата, по барање на помилуваните