Власта се фатила за името, а Виница се празни, порача Јанушев

by fokus

Генералниот секретар на ВРМО-ДПМНЕ, Игор Јанушев при посетата на Вицина силно ја критикуваше власта за негрижата за масовното иселување од овој град.

„Виница е се по празна, власта која ветуваше дека ќе го спречи иселувањето не само што не го реши туку и го забрза, ги слушаме граѓаните како велат дека со оваа власт нема перспектива и дека поради неправдата и криминалот кој се случува во Република Македонија среќата ќе ја бараат далеку од својот дом, рече Јанушев.

Граѓаните велат дека Заев ги излажал, ништо од тоа што го ветил не реализирал. Но затоа ја понижувал државата кај ќе стигне, тие не се согласуваат со срамниот договор за Македонија како што велат, со кој се менува името, идентитетот, историјата и културата.

Јанушев потенцира дека договорот е капитулантски и дека во ниту една точка од истиот Македонија не е во предност, нашата држава е оштетена страна во целост.

Тој напомена граѓаните да не се плашат од уцените на власта и да не подлегнуваат на притисоците.

Власта е исплашена и затоа и се заканува, исплашени се ете гледате Заев бега и од дебата, бега затоа што нема аргументи, нема одговор на прашањата дали не се губи институционалниот идентитет, културата и историјата, знае дека и дава алатка на Грција со Комисијата за ревизија на историјата и културата да не блокира на секој чекор кон ЕУ, затоа се плаши, исплашен е затоа што знае дека потпишал катастрофален договор“, истакна Јанушев.

Поврзани новости