392
Луѓето кои денеска излегоа на протест организиран од ДУИ, го урнаа огредениот простор околу камен-темелникот за крстот кои треба да се гради во општина Бутел и на местото поставија шатори и албански знамиња. Во првите редови на протестот е раководството на ДУИ.
Маршот на ДУИ против изградбата на крстот во Бутел тргна од Чаир, а освен раководството на партијата, главен предводник е градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Протесот се одвива под силно полициско обезбедување.
Изградбата на крстот во Бутел ја изгласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, а сега нивниот коалиционен партнер во владата, ДУИ, протестира против оваа одлука.