Основното обвинителство ги конфискуваше компјутерите на општина Струмица

by Фокус

Основното јавно обвинителство информира дека утрово спровело акција во општина Струмица во рамки на предистражна постапка поврзана со кривични дела против гласањето и изборите. Во рамки на акцијата биле одземени два општински компјутери и на разговор биле повикани повеќе лица, претежно гласачи, но и вработени во општината.

Од Обвинителството соопштуваат дека  се прибирале материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на претседателските и парламентарните избори во 2014 година.

Инаку, еден од обвинителите при Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е и Јован Илиевски, баџанак на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Поврзани новости