Во случај на штрајк на воспитувачите во градинките, директорите на јавните установи за деца, во договор со градоначалникот, можат да ги заменат штрајкувачите со други воспитувачи. Ова го овозможува промената на Законто за заштита на деца која минатата недела по скратена постапка помина во Собранието. За законските новини денеска информираше Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.
Царовска додаде и дека со овие измени е пропишана глоба во износ од 500 до 1000 евра, ако директорот не постапи согласно оваа измена.
– Како да не беше доволно тоа што го направија со неуставните измени на законите за основно и средно образование. Што ќе се случи ако вработените решат да штрајкуваат само еден ден секоја недела? Ќе пријавуваат и одјавуваат заменици за еден ден работа? Ако воспитувачите или наставниците штрајкуваат повеќе денови, каде ќе најдат пари за плати за нивните заменици? Дали во Буџетот за оваа година се планирани плати за можни заменици на можни штрајкувачи – праша Царовска и констатираше дека со измените на Законот за заштита на дец власта на Никола Груевски по којзнае кој пат го прекрши Уставот.