Премиерот Зоран Заев најави дека Владата ќе продолжи со дискусија во однос на Законот за легализација на дивоградбите откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот и Законот го врати во Собрание.
Заев е согласен текстот да се допрецизира во делот на легализација на објекти во национални паркови и заштитени подрачја.
-Мислам дека преку стручните тимови во Владата можеме и да одиме подетално чекор повеќе во прецизирање на легализирање во национални подрачја, национални паркови, заштитени подрачја и слично, иако законите тоа го определуваат и досега. Се знае кој дава согласност како се дава согласност и немаме легализација во националните паркови. Иако законите од 2011 постојат, освен што во националните паркови секако е разработено во три фази: строго заштитено подрачје, развојно подрачје и подрачје коешто е измеѓу и тоа јасно е определено согласно со меѓународна регулатива која што е потврдена и пресликана кај нас, изјави денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање.