Една недела од лидерската средба меѓу Заев и Мицкоски работните групи за законот за јавно обвинителство со кој се решава статусот на СЈО се уште не се состанале. Неофицијално, според телевизија Телма, првичниот договор е двете страни да се сретнат утре попладне.
Власта ќе ја претставуваат министерката Десковска и нејзиниот заменик Ристовски, од опозицијата лидер на тимот ќе биде адвокатот Тони Менкиновски а во работната група ќе има и други правници.
Владеачкото мнозинство инсистира да се донесе пред извештајот на ЕК, а на опозицијата не и се брза. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, веќе истакна дека ќе бараат смена на специјална обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим, но велат дека имаат и многу други забелешки на законот.
Премиерот Заев изјави дека целосно ја подржува Јанева и целиот состав на СЈО.