Две малолетнички претепале 15-годишно девојче во кафеана

by fokus

Петнаесет годишно девојче било нападнато од две малолетнички, додека сите три биле во кафеана. Инцидентот во полиција го пријавил мајката на нападнатото девојче.

-На 16.03.2019 во 15.00 часот во Полициската станица Центар, А.П.(47) од Скопје пријавила дека на 15.03.2019 во 22.00 часот во угостителски објект на улица „Костурски Херои“ нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од две малолетнички, што ги познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Истиот ден, но на улица, била претепано уште дено девојче, на 17-годишна возраст, од 22-годишна девојка.

-На 16.03.2019 во 14.15 часот во Полициската станица Центар, Н.Т.(44) од пријавила дека истиот ден во 09.30 часот на улица „Киро Крстевски Платник“ нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од К.Ж.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости