Власта божиќно инкасираше 70 илјади евра од угостителите

by Фокус

По Нова година, или пред Божиќ, власта инкасираше повеќе од 70 илјади евра од угостителите во државата. Во координирани акции на полицијата УЈП и Пазарната инспекција за неколку дена казнети се 30-тина угостителски објекти, а проверени биле околу 80. Знаејќи како делува казнената политика во Македонија акциите тешко дека ќе престанат и по Божиќ.

Во последната акција настрада кафе барот „Барон“ со 2 500 евра казна од Законот против пушење и 2 500 евра за фискализација. „Пица бургер 9“ е казнет со 3 250 од УЈП, кафеаната „Добра средба“ е казнета со 1 500 евра, а угостителските објекти „Фуга“, „Блек енд вајт“ и „Сити кафе“ се казнети со по две казни од 500, односно 750 евра. „Фуга“ пак ќе мора да плати 4 750 евра за неколку казни.

Според статитиката на МВР една третина од посетените објекти за празниците не ги почитувале законските правила, пред се со фискализацијата и со почитување на Законот против пушење.  Угостителските објекти сега имаат и забрана за работа од 15, односно 30 дена.

Поврзани новости