Владо Јовановски: Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!

by fokus

Премиерот Зоран Заев на вчерашната седница за уставни измени, порача дека политичките страни треба да си простат за минатиот 27 април, кога се случија инцидентите во Собранието.

Еден од учесниците во насилствата беше и актерот Владо Јовановски, а според него, тој не чувствува вина и не бара милост.

„Милост може да бара само тој, кој што е виновен…
Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!
Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име и од презимето на моето семејство!
Вистината е мојот најголем и единствен бранител!
Само не знам зошто сум во притвор скоро година дена..

“..Сo тие две раце сум и тие две скапаја без работа..”!

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!“, напиша Јовановски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости