Владо Илиевски со иницијатива за смена на Наумовски од чело на МКФ

by fokus

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Владо Илиевски попладнево објави дека поднел иницијатива за свикување на вонредно собрание на МКФ, што треба да биде прв чекор кон неговото доаѓање на чело на македонската кошарка, а разрешување на сегашниот претседател на МКФ, Петар Наумоски.

-Иницијативата е поднесена. Продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија, напиша Илиевски на Фејсбук, сликајќи се пред просториите на Федерацијата.

Поднесената иницијатива содржи потписи од голем број клубови, што значи дека Наумоски сега има рок од две недели да го свика собранието.

Поврзани новости