Владината служба им забрани на фоторепортерите да ги сликаат лидерите: „11 години ќутевте, сега најдовте да зборите“

by fokus

Владината служба за информации попладнево не им дозволи на фоторепортерите, меѓу кои е и фоторепортерот на „Фокус“, да ги сликаат претседателите на политичките партии како пристигнуваат на лидерската средба во Клубот на пратеници.

На фоторепортерите од страна на владиниот протокол им е кажано дека тоа е поради „безбедносни причини“, по што фоторепортерите во знак на протест ги ставија фотоапратите на земја.

Откако дел од нив се побунија, советникот на премиерот, Марјан Забрчанец им искоменира: „11 година ве газеа и ќутевте, сега најдовте да зборите“.

Поврзани новости