Владината коалиција функционира беспрекорно, вели Мицкоски

by Fokus

Премиерот Мицкоски денеска на новинарско прашање за вчерашните препукувања меѓу владините партнери ЗНАМ и Влен, посочи дека владината коалиција функционира беспрекорно.

„Инаку, опозицијата ќе се обидува да создава таков тип на пораки во јавноста, но состојбата е многу конструктивна и без исклучок сите кои се дел од владината коалиција на дневна основа се трудат да направат нешто добро за државата и граѓаните, што е многу важно, рече Мицкоски по денешното поставување на камен темелник на спортска сала во населено место Огњанци, во општина Петровец.

„Логично е да има различни ставови по некои прашања, но важно е секогаш да се наоѓа решение“ оцени тој.

Според премиерот, важно е дека оваа Влада има поддршка од повеќе од две третини од пратениците во Парламентот и тоа, според него, е важно затоа што граѓаните очекуваат резултати.

Поврзани новости