306
Вториот осомничен за убиството кај Т.Ц.„Мавровка“, кој вчера сам се пријавил во полиција е осудено лице за друго кривично дело и досега бил во бегство. Со максимални мерки за обезбедување, тој денеска е вратен во затворот Скопје.
Како што информираат од Јавното обвинителство, во тек се вештачењата на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата за вклученост на ова лице во настанот.
За овој кривично-правен настан, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поведе истрага против едно лице, кое се гони за кривични дела – убиство, обид за убиство и недозволено поседување оружје и на кое по предлог на јавниот обвинител му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.