620
Судот денеска му одреди мерка одземање на пасошот на битолскиот градоначалник Владимир Талески. Ова следува по денешниот двочасовен распит на градоначалникот на Битола во Основниот суд во Скопје.
Судијата на претходна постапка го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство на Талески да му биде одредена мерка притвор. На оваа одлука, Специјалното обвинителство има право на жалба во рок од 24 часа.
Владимир Талески денеска во Судот беше придружуван од неговиот адвокат Никола Додовскиж, кој е адвокат и на Никола Груевски.