Шилегов: Да почнеме со преговори за избори наесен

by fokus

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска ги повика партиите да почнат со преговори за договарање на условите за да може наесен да се организираат фер и демократски избори.

-Ако почнеме денеска и ако имаме минимум политичка волја, нема зошто до октомври да не се создадат услови за веродостојни избори – рече Шилегов.

Според него, со повлекувањето на аболициите и со одложувањето на изборите се исполниле минимални услови за организирање на фер избори. СДСМ сега бара формирање на техничка Влада за организација и спроведување на изборите „час поскоро”.

Поврзани новости